Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на 64-годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.
Според соопштението на СВР Куманово, на 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К. (64), за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом.
Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.