Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово денеска во просториите на поранешен комитет организираше состанок на кој учествуваа претседателот на Регулаторната комисија за домување, Зоран Маџовски, управители на станбени згради и инспектор за домување. На состанокот дел од управителите, меѓу другото, посочија дека е потребна измена на Законот за домување.