ВИДЕО: Успехот на „Порака наша“ препознаен и од државата

„Порака наша“ е првиот лиценциран давател на социјална дневна услуга – Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години во државата. Дозволата за вршење работа во социјална заштита за период од 5 години, „Порака наша“ ја доби на 28 февруари годинава, по повеќемесечна работа и труд, подготвување на документи, набавка на соодветен мебел, адаптација на простории, утврден според Правилникот за лиценирање.

Од основањето во 2006-та година, здружението Регионален центар „Порака наша“  финансиски делумно  е поддржано од општина Куманово, а сите останати потреби се обезбедуваат од општествено одговорни компании, хумани граѓани, донатори.

Во „Порака наша“ денеска во чест на празникот на жената,  корисниците изработуваа осмомартовски честитки за своите мајки.

„ Порака наша“ од март месец продолжува и со подготовка на документи за лиценцирање на нова социјална услуга Помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост. Австрискиот проект го поддржува овој процес на лиценирање бидејќи е дел од проектот, со што до крајот на годината „Порака наша“ ќе има лиценцирано две социјални услуги.

Коментари

коментар(и)