Во ресторан Грација денеска свечено е затворен детскиот ликовен камп „АСНОМ 2026“.
На 16 -тото издание на ликовната колонија во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово твореа 30 ученици од општинските основни училишта, селектирани од наставниците по ликовна уметност од матичните образовни институции, заедно со корисниците на услугите од Дневниот центар и „Порака наша”. Учениците креираа авторски дела под менторство на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска Радошевиќ.