ВИДЕО: Хуманитарен новогодишен базар на ООУ „11 Октомври“

Основното училиште „11 Октомври“ денеска организираше хуманитарен новогодишен базар во трговскиот центар Сума. На штандовите можеа да се купат новогодишни украси, лампиони, различни декорации, колачиња, сето тоа изработено од вредните раце на учениците заедно со своите наставници и менаџментот на училиштето. Предновогодишната традиционална активност беше збогатена и со присуството на Дедо Мраз.

Основното училиште „11 Октомври“ во текот на декември месец реализираше повеќе активности и манифестации, а предвидената програма ќе заврши в понеделник ( 30. 12. ) со предновогодишна прослава за учениците од прво до деветто одделение. За забавниот дел ќе бидат задолжени кумановскиот бенд Солушн и Мартинијан Кириловски.