На царинскиот терминал Табановце денеска беа презентирани резултатите од активностите во рамките на акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, во поддршка на трговијата“.
По повод успешното завршување на проектите, финансиски поддржани од Европската унија се обратија Бобан Николовски директор на Царинската управа, Гордана Димитриеска-Кочоска министер за финансии, Михалис Рокас амбасадор на ЕУ во РСМ и Христијан Мицкоски претседател на Владата.
„Обезбедени се 26 специјализирани возила за секторот за контрола и истраги“, истакна денеска Николовски.