ВИДЕО: Центарот за култура со музичка работилница за лицата со попреченост

Музичка работилница насловена „Музика за сите“ е проектот кој од 3-ти до 5-ти месецов го реализира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Работилницата е наменета за лицата со попреченост, а е подржана од Министерството за култура. Од Центарот за култура информираат дека освен корисниците од „Порака наша“, учествувале и други дечиња од градот.

-Ова го направивме во соработка со дефектолози, но и со музичари педагози. Имавме еден поинаков пристап кон овие лица, во зависност од нивната состојба и развој. Благодарност до министерството за поддршката, мислам дека во иднина треба уште повеќе да се подржуваат вакви проекти-истакна Александар Митрички, стручен соработник во Центарот за култура, како и координатор на проектот.

Од кумановскиот Центар за култура информираат дека планираат ваквите музички работилници да станат традиционални и уште помасовни, со бројни уметници.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)