ВИДЕО: Цртежот „Срна“ на Јована Ангеловска е најдобар на детската работилница во Центарот за култура

Цртежот „Срна“ на Јована Ангеловска, ученичка во петто одделение во основното училиште „Кочо Рацин“ е избран за најдобар цртеж на денешната детска работилница организирана од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Околу 150 основци од трето, четврто и петто одделение од повеќето училишта во градот и кумановско  денеска имаа можност преку цртеж да ја изразат својата креативност и имагинација творејќи на слободна тема.

Голем дел од учениците кои што денеска беа дел од ликовната работилница повеќепати се наградувани на ликовни конкурси организирани во рамките на училиштата, велат одделенските наставници- ментори на учесниците.

Ликовната детска работилницата која се одржува четврта година по ред е поддржана од Министерството за култура.

Коментари

коментар(и)