Силен аплауз од публиката добија актерите во претставата „Чекајќи го докторот“ на Народен театар Лесковац што се одигра синоќа на сцената на Центарот за култура во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово. Српската претстава е во режија на Синиша Евтимов, кој вели дека прилично е лудо се што се случува сега. „Реалноста е повеќеслојна и ништо не е едноставно. Затоа, насмеј се“, порачува Евтимов.