ВИДЕО: Членови на КБК Предатор освоија четиринаесет медали на државно првенство во Скопје

Еден златен, шест сребрени и седум бронзени медали освоија членовите на кик бокс клубот Предатор од Куманово на државното првенство за пионери, кадети, јуниори и сениори, коешто се одржа викендов во Скопје.

Од клубот велат дека се задоволни од постигнатите резултати но и од се поголемиот интерес за овој спорт. Изразија и благодарност до Кик бокс Федерацијата на Македонија за целосната организација.

И учесниците изразија задоволство од организацијата на самиот натпревар, постигнатите резултати, како и функционирањето во клубот. Ги повикаа помладите кои сакаат да тренираат кик бокс да им се придружат.

 

Коментари

коментар(и)