ВИДЕО: Јавна дебата за претстојниот повик за организирање на културни манифестации

Секторот за култура и спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово денеска организираше работен состанок по повод претстојниот Јавен повик за прибирање предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година.   

На средбата беа поканети јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица, кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално – хуманитарна дејност на територија на Општина Куманово.