Утре ќе се одржи конститутивната седница на Советот на општината

Во кружната сала на поранешен комитет утре ќе се одржи конститутивната седница на Советот на Општина Куманово. Првата седница, пред да се избере претседател на Советот од мнозинството, ќе ја води највозрасниот член од новоизбраните советници. На седницата ќе бидат верификувани мандати на новите членови на Советот, по што ќе дадат свечена изјава за нивната работа.

Новиот состав ќе брои 31 советник, од кои седум се од Движењето ЗНАМ, шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет на коалицијата на Демократска унија за интеграција, четири на коалицијата на СДСМ, три на Демократската партија на Србите во Македонија, двајца на „Ред за Куманово“ и еден советник на Левица.

Седницата ќе започне  во 13 часот, со директен пренос на програмата на Телевизија Плус.