ВИДЕО: Тим од СОУ „Перо Наков“ во топ 50 на натпреварот „Средношколец милионер“

Ивона Липковска, Маја Стојмановска, Сара Младеновска, Ивана Ангеловска, Ања Тасковска и Миа Лазаревска се ученички во средното училиште „Перо Наков“ кои што изработија апликација која нуди безбедна заедница за поддршка меѓу врсници, како и пристап до едукативни видеа и совети од професионални психолози. Со апликацијата MindMap тимот од „Перо Наков“ е дел од најдобрите 50 тимови од земјава кои учествуваат на натпреварот „Средношколец милионер“, еден од најголемите натпреври во Македонија за млади иноватори со награден фонд од еден милион денари.

MindMap е мобилна и веб апликација создадена за средношколци кои сакаат анонимно да ги споделуваат своите проблеми, мисли и чувства. Целта е да се подобри менталното здравје на младите и да се создаде место каде што секој глас е слушнат и разбран.

Остануваат уште 3 дена до полуфиналето. Сите кои што сакаат да ја поддржат нивната идеја можат да гласаат на официјалниот линк на натпреварот.

линк