За процесот на оптимизација говореше и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ на неодамнешната прес конференција во Општината одржана по повод крајот на учебната година. Јовановиќ кажа дека процесот на оптимизација во Македонија е започнат во 2023 година од МОН во соработка со Светската банка и УНИЦЕФ, а на состанокот во Куманово биле добиени насоки за креирање на паралелки во новата учебна година.