ВИДЕО: Ќе се изработува Стратегија за родова еднаквост во Куманово

Хуманитарното здружение „Мајка“ денеска ја организираше првата работилница наменета за интерсекторската работна група за подготовка на Стратегијата за родова еднаквост во Општина Куманово.
Учесниците во работните групи беа запознаени со методолигијата за изработка на Стратегијата и за улогата на локалната самоуправа во промоција на еднаквите можности.
Активностите за развивање на Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост во Општина Куманово (2026-2030), се поддржани во рамките на Јавниот повик за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детска заштита, кои се спроведуваат од страна на хуманитарното здружение „Мајка”.