Одделението за култура и спорт при Општина Куманово го објави јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година. Сите предлог-проекти кои ги исполнуваат условите, а ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2026 година која ќе биде предложена пред Советот на Општина Куманово, соопштија надлежните.
-Важно е да се напомене дека оваа година сите подносители на предлог-проекти, целокупната документација ја поднесуваат со пополнет Образец за предлог – проект за организирање на културни манифестации кој е истакнат во прилог на самиот јавен повик. Предлог-проектите ќе бидат бодирани со табела за бодирање од страна на Комисијата за разгледување на предлог-проектите формирана од страна на градоначалникот на Општина Куманово, а согласно правилникот за утврдување на постапката.Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година“, а по донесувањето програмата ќе биде објавена и во Службениот гласник, изјави Крстевски.
Повикот започна вчера (19 ноември) и ќе трае до 03 декември годинава.
