Владата одобри превоз на патници со максимален капацитет на сите превозни средства

Владата на вчерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 отсто на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од ковис-19.

„Превозниците имаат обврска одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници“, соопшти Владата.

Истовремено дозволен е влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ, согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.

Коментари

коментар(и)