-Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, рече премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција.
Тој нагласи дека се обезбедени финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија. Апелираше до сите граѓани да продолжат со мерките за штедење затоа што секој киловат час заштеден значи заштеда на буџетот и повеќе пари за инвестиции во енергетиката.