ВМРО-ДПМНЕ : Дамјановски ги излажа жителите на Проевце

„Зоран Дамјановски е градоначалник кој не ги остварува своите ветувања и кој не стои на својот даден збор пред граѓаните, за него граѓаните на Куманово постојат неколку месеци пред изборите кога му требаат гласови“, беше речено на денешната пресконференција на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во с.Проевце. Оттаму додаваат дека  градот се дави во проблеми и кумановци се соочуваат со голем број на нерешени барања, а градоначалникот не ги реализира дадените ветувања.

-Населбата Проевце е еден од многуте примери кои сведочат за неодговорното владеење на Зоран Дамјановски, за нерешените основни проблеми и за неостварените ветувања на Дамјановски. Проевце во 2015 година се соочува со огромен број на проблеми. Граѓаните во оваа населба живеат како во 19 бек,  а Дамјановски свесно и смислено ги игнорира граѓаните од оваа населба и ги третира како граѓани од втор ред, вели, Викторија  Георгиевска, претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во с.Проевце.

Жителите на Проевце се жалат на  неизградена патна инфраструктура и  водоснабдувањето. Тие бараат изградба на патот  од Проевце низ Бејтови ниви до маркетот Туш  кој градоначалникот им го ветил  пред избори. Исто така бараат поставување на пешачки мост помеѓу Спортската сала и Митев мост кадешто во неколку наврати сами направиле импровизиран мост од дрвја и даски но истиот  неколкупати бил однесен од надојдената вода.

-Зоран Дамјановски ги вети овие проекти, но како и многу пати досега покажа дека за него дадениот збор и ветувањата се алатка за манипулација на граѓаните и за остварување на неговата лична корист. Овие неисполнети ветувања на Дамјановски се јасен пример и доказ дека зорамн дамјановски е човек кој не си стои на зборот и кој не работи за интересите на граѓаните. Овие неисполнети ветувања за Проевце се доказ за тоа како Дамјановски гледа на граѓаните на Проевце и како бесрамно овој човек ги лаже своите граѓани. На Куманово му е потребен нов градоначалник, кој ќе ги решава проблемите и кој ќе ги почитува граѓаните. На Куманово му треба  градоналник од збор, кој ќе ги исполнува дадените ветувањеа и ќе ги реализира проектите кои се за доброто на граѓаните, вели Георгиевска.

Жителите на Проевце го повикаа  градоначалникот Дамјановски да прекине со поделбите на граѓаните и да се зафати со решавање на проблемите и реализација на  дадените ветувања.

Коментари

коментар(и)