ВМРО ДПМНЕ: Општината ги блокира владините проекти

„Зоран Дамјановски ја оневозможува изградбата на училишната спортска сала во состав на средното училиште „Перо Наков“ кое што е сместено во објект на  поранешната касарна „ Карпош“. Салата  е дел од капиталниот проект  за „изградба и опремување на 145 спортски сали“ , а градоначалникот свесно ги блокира инвестициите на Владата“  – рече на денешната прес-конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски.

-Иако претходно со потпишување на трипартитен договор помеѓу министерството  за образование и наука, средното училиште Перо Наков и општина Куманово , општината се обврза да обезбеди чиста локација за почеток на градба на училишната спортска сала , и по шест месеци од воведување на изведувачот на салата во работа, градоначалникот се уште ги нема завршено своите обврски  односно се уште ги нема отстрането времените објекти од локацијата каде треба да се гради салата и ја нема дислоцирано постоечката подземна водоводна и канализациона инфраструктура, изјави Драган Петковски., претседателот на  ОК на ВМРО ДПМНЕ,Куманово

Поради ова се одложуваат и активностите за изградба на спортски објект, кој според Петковски,  би обезбедил современи услови за реализиција на часовите по спорт на учениците, но и подобри услови за тренинзи на спортските клубови и за спорт и рекреација на локалното населние.

-Зоран Дамјановски е должен да даде одговор на прашањето- Кој е вистинскиот мотив да ги држи во заложништво учениците? Дали причината е тоа што оваа активност е всушност ветување и  дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ  или пак причината е што не постои можност да присвои дел од инвестицијата вредна 24 милиони денари?- изјави  Петковски.

Во овој објект  од училиштето Перо Наков се изведува настава на албански јазик, а се образуваат 540 средношколци.

Коментари

коментар(и)