ВМРО ДПМНЕ: Улицата Пелинска е каллива и раскопана

Улицата „Пелинска“ е една од многуте во Куманово која  е неасфалтирана и раскопана , а најчесто по неа тече отпадна вода поради недоволниот капацитет на канализационата цевка и честите дефекти на мрежата, како резултат на што се шири неподнослива миризба. Освен тоа, како што велат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ,  граѓаните нема каде да паркираат, а насекаде во градот се градат згради. Членовите на партијата денеска го потсетија  актуелниот градоначалник на неговото ветување за „Пелинска “, зацртано во програмата на последните локални избори.

-Би сакале да го прашаме градоначалникот, кога планирате  да ја асфалтирате улицата „Пелинска„ и дали претходно ќе го решите горливиот проблем со канализацијата и просторот кој се повеќе го загрозувате, без претходно да бидат предвидени минимум нормални стандарди за урбано живеење, дали вака треба да изгледа центарот на Куманово, до кога вака ќе се криете позади одредени настани на кои само вие им давате поширок безбедносен карактер, а се со цел да не преземете одговорност за она што всушност и ви е работа, а тоа е да бидете градоначалник на Куманово, праша Срѓан Ивановски од ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

И жителите на „ Пелинска“ со поплаки за состојбата во која се наоѓа улицата. Тие живеат на само 100 метри до градскиот плоштад,  а се дават во кал и смрдеа.

Граѓаните, како и ВМРО ДПМНЕ сакат да знаат дали градоначалникот  конечно ќе преземе нешто во врска со решавање на проблемите на кумановци.

Коментари

коментар(и)