Со нова цистерна добиена како донација од ЕУ преку прекуграничен проект со Србија, јавното претпријатие „Водовод“ ќе ја подобрува животната средина во Куманово. Работната машина за чистење на атмосферска и фекална канализација веќе три седмици е во функција и се користи скојдневно, информираше директорот на претпријатието, Оливер Стојмановски.
-Преку проект за зајакнување на прекуграничните односи меѓу РСМ и РС со заедичка цел за подобрување на животната средина, ЈП „Водовод“ од Куманово во соработка со општина Куманово, со поддршка на градоначалникот и СИПР доби работна машина -цистерна под притисок за чистење на фекална и атмосферска канализација, работна машина каква што ЈП нема набавено од 1996-та година. Вкупната вредност на донацијата е 317.406 евра од кои што 186.812 евра се за јавното претпријатие „Водовод“ од Куманово кое што беше лидер проект на проектот. Донацијата е од ЕУ, проектот започна на 23 март 2023 година, а треба да заврши на 23 септември 2024 година. Работната моќност на машината е за пет пати повеќе од она што го имавме до сега. И двете цистерни се во функција, а тоа ќе значи големо олеснување за ЈП посебно во услови кога ќе има поројни дождови кога се јавуваат проблеми меѓу населението во одредени места во градот, значи ќе можеме да интервенираме со две возила, изјави Оливер Стојмановски, директор на ЈП „Водовод“.