„Водовод“ планира 54 нови вработувања (ВИДЕО)

ЈП „Водовод“  во годишниот план за вработување во 2021 година предвидува 54 вработувања, од кои приоритет се 38 работници во техничката служба.

Советниците од опозицијата сметаат дека вработувањата се партиски и во функција на престојните локални избори, бидејќи планот за вработување бил донесен на крајот на минатата година, а сега се прави негова измена и дополна.