Волонтери на Црвениот крст од Куманово денеска во централното градско подрачје делеа вода и флаери со совети за заштита на граѓаните од топлотниот бран.
– Поради високите температури нашите волонтери денеска излегоа на терен и поделија студена вода и флаери за топлотен бран дизајнирани од наша страна. Вкупно беа поделени 310 мали шишиња со вода, велат од ОО Црвен Крст Куманово.
Акцијата, велат оттаму, ќе продолжи и во текот на наредниот период.
– Целта е да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури и да им се укажува на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, додаваат волонтерите.