Вонредна седница на Советот на општина Старо Нагоричане

Советниците на општина Старо Нагоричене денеска изгласаа предлог-одлука за покренување на постапка за прогласување на елементарна непогода во општината и предлог -одлука за формирање на Комисија за утврдување на штетни последици од елементарна непогода. Оваа вонредна седница се одржа како резултат на невремето проследено со  врнежи од град во неколку села во Старо Нагоричане при што беа оштетени градинарски  култури, лозови насади, пластеници, па дури и неколку куќи, вели градоначалникот Милован Стојковски.

-Вчера ја известив Владата, со поткрепа од фотографии, зафатена е целата територија на општината, 30 минути невреме со град, најголеми штети има во Младо Нагоричане, Стрезовце, Војник.  Лозови насади се оштетени до 100 проценти, зелка, јаболки, пластеници се исто така оштетени од град, неколку семејни објекти, во текот на вчерашниот ден лица од општината со градоначалникот излегоа на лице место за да ја констатираат состојбата, изјави Милован Стојковски, градоначалник на општина Старо Нагоричане

И за денешните одлуки на советниците на општината Старо Нагоричане ќе биде известена Владата на РМ, а ќе биде формирана и Комисија за утврдување на штетите.

-Ќе формираме Комисија во која ќе членуваат не само советници од општината туку и од министерството за земјоделство ќе бараме, следниот чекор ќе биде комисијата ќе распише проглас до сите оштетени и ќе можат да ги поднесат своите барања до комисијата во општината поткрепени до фотографии и со тоа колку тие проценуваат дека се оштетени, потоа комисијата сама ќе излезе на терен да ја утврди фактичката состојба мислам дека сите основани барања ќе бидат проследени до владата и понатаму ќе чекаме Владата да ги обештети луѓето што беа погодени од ова невреме, изјави градоначалникот Стојковски.

Неколку села во општината Старо Нагоричане и минатата година претрпеа огромни штети од силно невреме. Од врнежи од град беа речиси стопроцентно уништени градинарските култури и лозјата, по што и тогаш беше формирана Kомисија за утврдување на штетите.

 

Коментари

коментар(и)