Во Куманово имало 13 прекршувања на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.04/29.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 114 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 65 , во Крива Паланка 33 и во Кратово 16.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 13 (тринаесет) лица не ја почитувале забраната за движење.