Пред инфо-центарот во селото Пчиња во недела ( 05 октомври) ќе биде организиран Саемот на автохтони сорти „Везенка “ од здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“
Дваесетина локални земјоделски производители од Куманово, но и од региони од земјава ќе имаат можност да ги претстават своите производи на посетителите. На штандовите ќе може да се купи од везенка, домашна зимница, сушено овојшје, мед, па се до ликери – домашно подготвени.
Саемот се одржува по втор пат во организација на здружението „Еко Пчиња“.
