Во среда ќе се отвори изложбата „Карпино 2022“

Со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда ќе биде отворена изложбата на слики – “Карпино 2022“.

Се работи за реномирана меѓународна ликовна колонија и нејзиното јубилејно издание во организација на Мултимедијалниот Центар – Карпино, Општина Куманово и секако во традиционалната соработка со Центарот за култура.

Јубилејната 20 -сета Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“ се одржа на локацијата „Етно село Тимчевски“ – Куманово во периодот од 17-ти до 23-ти август.

На колонијата учество земаа 13 уметници од Србија, Америка и Македонија коишто реализираа околу 25 дела.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17-ти ноември.