Во тек е исплатата на августовските пензии

Во тек е подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, според висината на пензијата.

Денеска се исплаќаат средства на лицата кои што имаат пензија со висина од 14.001-18.000 денари, а утре пензија ќе земат оние кои што имаат пензија над 18.001 денари, изминатите два дена парични средства беа исплатени на лицата кои што имаат пониска пензија.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можеа да располагаат од 30 август годинава.

Коментари

коментар(и)