Во Уметничката галерија наскоро изложбата „Наива“

Во Уметничката галерија на 29-ти месецов (среда) ќе се отвори изложба и промоција на книга насловена „Наива“. Куратор на проектот е Гоце Божурски, а освен светски познатиот и меѓународно признат автор Вангел Наумовски, Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски (кои се припадници на основоположничката генерација), на изложбата и во книгата „Наива“ се застапени уште 25 уметници од нашата земја, меѓу кои Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо како скулптори.

Изложбата е дел од Програмата на министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

Предвидено е обраќање на академик Васко Ташковски и министерката за култура Ирена Стефоска.

Коментари

коментар(и)