Во Уметничката галерија ќе се отвори изложбата „Еклектични изохипси“

Во Уметничката галерија, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се отвори изложбата на авторите, Катерина Деспот и Васка Сандева, насловена „Еклектични изохипси“.

Во Салонот на галеријата ќе бидат поставени 20 ликовни дела, слики, работени во комбинирана техника. Настанот ќе се одржи согласно здравствени протоколи за заштита од Ковид-19.

Изложбата ќе биде поставена наредните десет дена.

Коментари

коментар(и)