Во Центарот за култура се отвори изложбата „Once again“

Во Центарот за култура синоќа се отвори изложбата насловена „Once again“, на авторот Давор Кешќец. Кумановци имаа можност да разгледаат дела графики и слики кои авторот ги работел последниве години.

– Млад талентиран ликовен графичар кој освен со слики се занимава и со улична арт уметност, учествувал во цртање на графити и мурали за разубавување на Скопје. Тој ја слика реалноста според видувањето и елементите ги преточува во музички инструменти, вели директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Кешќец е роден во 1997 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика.  Автор е на повеќе самостојни изложби, учествувал на селектирани групни изложби, повеќе проекти и изработка на мурали. Од центарот за култура ги повикаа љубителите на уметноста да ги разгледаат делата секој работен ден. Изложбата ќе биде поставена до шести април, годинава.

Коментари

коментар(и)