Вработена во обложувалница ќе одговара за „затајување“

Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Куманово поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,затајување’’.

Според МВР, пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25 декември годинава од касата одзела 61.000 денари.