Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголеми за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од денеска ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 79,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ останува иста 81,5 денари по литар. Иста останува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ 73 денари по литар.
Се зголеми и цената на екстра лесното масло за 1 денар и се продава за 73 денари по литар. Мазутот исто така, поскапе за 0,5 денари и изнесува 48 денари по килограм.