Вработените од ЈП „Чистота и зеленило“ ќе ги чистат улиците од снег

За зимското одржување на улиците во Куманово годинава ќе биде задолжено само јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, за што, на втората седницата на Советот на општината, која ќе се одржи в четврток ќе биде предложено да му бидат доделени дополнителни пет милиони денари. Изминатите години освен комуналното претпријатие, за чистење на врнежи од снег од улиците се грижеше и приватна фирма.

Освен чистење на сообраќајниците во централното градско подрачје, програмата предвидува чистење на снег од двата плоштада и паркинг простори пред зграда на општина, суд, полиција, пошта, болница, банки и други локации. Исто така се предвидува, пробивање на патеки пред пешачки премини во широчина на истите и тоа на улици кои се во усвоената програма за тековно одржување, како и чистење на снег од автобуски постројки.