Промовиран Ресурсниот центар за поддршка на развој на Општините

Во Скопје денеска беше промовиран Ресурсниот центар за поддршка на развојот на Општините, а на настанот присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски.

Ресурсниот центар ќе обезбеди стручна и техничка поддршка за унапредување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа, како и подобрување на квалитетот на услугите, наменети за граѓаните.