Православните христијани денеска го слават Соборот на Пресвета Богородица – втор ден од Божиќ.
Се служи литургија во сите соборни храмови и цркви.
Градоначалникот Максим Димитриевски вчера упати божиќна честитка во која се, меѓу останатото се вели:
-Нека најголемиот христијански празник Божиќ ни донесе радост во срцата, топлина во семејството, добра мисла, секојдневен мир и хармоничен живот. Со верба во Бога и сопствен труд, да продолжиме да правиме добри и хумани дела, да негуваме заедништво, несебично подавајќи рака на секого.
Нека е среќен и вечен Божиќ. Христос се роди! Навистина се роди!