Гимназијалката Илина Арсовска од Куманово е дел од македонската екипа за овогодинешната Европска женска математичка олимпијада што ќе се одржи во Бордо, Франција.
Илина е трета година во СОУ „Гоце Делчев“, а вторпат ја претставува Македонија на европски натпревар.
– Со задоволство би сакала да ги претставам и училиштето и државата и се надевам дека ќе се вратам со успешни резултати. Во тимот имаме четири ученички од цела Македонија и заеднички ќе се бориме за награда, но индивидуално се натпреваруваме, секоја за себе, изјави Арсовска.