Ги прашавме кумановци што мислат за реконструкцијата на Соколана (видео)
Мислењата околу тоа дали е добро што се реконструра спортскиот комплекс Соколана не се поделени. Сите се согласни дека убавицата е симбол на нашиот град и дека вакво нешто требало одамна да се случи. Постои една мала дилема за партерното уредување, што е во план да овозможи повеќе паркинг простор во првата фаза, а не, да речеме засадување на повеќе дрвца, но ова е првата фаза со која се опфатени трибините и терените за некои спортови. Воглавном, повозрасните жалат за некогашните игранки и спортски турнири, а помладите за простор како бегство од секојдневното седење пред компјутерите.