Регионалниот центар за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден е добиено известување од бројот за итни повици – 112 дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ (кај Жмара) имало глутница кучиња (околу 10) кои цело време напаѓаат станари заради што не можат да исфрлат отпад во контејнер.
„Лицето кое што пријавува бара од Општината и другите надлежни субјекти да се реши овој проблем додека не дошло до фатални последици врз станарите“, стои во билтенот на РЦУК.