Во Куманово и целата држава продолжува периодот на многу топло време со високи температури заради што Институтот за јавно здравје упатува важни препораки за заштита од топлотниот бран.
Надлежните апелираат до граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот, од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, внесување доволно течности, особено вода, да се избегнува алкохол, пијалаци со кофеин, како и висококалорична храна и производи со голема количина шеќер. Препораките особено се важни за кај лицата над 60 години, бремените жени, доенчињата и децата, социјално ранливите категории, работниците кои работат на отворено, како и лицата со хронични заболувања.
Институтот за јавно здравје препорачува редовно да се зема пропишаната терапија и при какви било промени во здравствената состојба да се направи консултација со матичниот лекар.