Преку дистрибуција на превентивни флаери, Отсекот за првенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција ги информираат децата, младинците и родителите со новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување со лесно електрично возило-тротинет.
Со новите измени кои се на сила, направена е измена на овој тип на возила која гласи „лесно електрично возило” со најмалку две тркала како се движи на електричен погон со помош на електромотор, и лесно електрично возило-тротинет отсега натаму може да управува само лице со наполнети 18 години,
-минимална брзина на движење со лесно електрично возило е до 20 км на час,
-возачот со велосипед и лесно електрично возило, велосипед со помошен мотор, мопед на пешачки премин е должен е да го турка возилото,
-возачот на лесно електрично возило не смее да превезува други лица или домашни миленици,
-задолжително да се носи заштитен шлем, а во ноќни услови, до разденување да се носи и рефлектирачки елек за обележување,
-возач на лесно електрично возило не смее да го управува возилото во сообраќај на патот, а ниту да започне движење ако е под дејство на алкохол. Покрај утврдени глоби за возачите на лесни електрични возила односно родители или старател на дете кое сторило прекршок, за одредени прекршоци се предвидува и одземање на возилото до 30 дена.