Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ полициски службеници лишиле од слобода 22-годишен скопјанец бидејќи при контрола било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.