Новата учебна година започна без изгласани годишни програми за работа на основните и средните училишта за учебната 2026/2027 година во Куманово. Поради необезбеден кворум, вчера беше прекината седумнаесеттата седница на Советот на Општина Куманово.
Претходно на барање на советници, директорите на училиштата објаснија како оптимизацијата во образованието влијае врз наставниот процес и наставниот кадар. „Новата учебна година стартува со помалку ученици, намален број на паралелки, но нема отпуштени наставници кои што се вработени на неопределено време“, посочија директорите.