Голема полициска акција во Куманово

Осум лица се приведени во голема полициска акција што од рано утрово ја започнала полицијата во Скопје и Куманово.

Според полицијата, во моментов се вршат претреси во повеке објекти. Запленети се возила, пари дрога и други предмети за кои што постојат сознанија дека потекнуваат од извршени кривични дела.

Приведените се сомничат дека потпомогнати од лица од судската власт подолго време се занимавале со изнуда, лихварство, трговија со дрога, шверц со мигнати и други тешки крвични дела.

Коментари

коментар(и)