Голем интерес за „Елза , Ана и лошиот пират“

„Елза , Ана и лошиот пират“  е детската претстава што успеа од срце да ги насмее дечињата кои што во придружба на своите родители дојдоа изминатиот викенд во центарот за култура да ја проследат.  Аматерската претстава беше во организација на игротеката Скуби ду.

-Станува збор за детска претстава Елза, Ана и Лошиот пират , за мојата улога јас сум Лошиот пират , инаку не сум толку лош да не се плашат дечињата, но улогата е таква,  мора некој и таа улога да ја глуми, мојата улога секогаш е Лошиот пират која јас  користам и на родендени и децата веќе знаат дека јас не сум толку лош, изјави Дејан Петковски, Лошиот пират

-Мојата улога во претставата е Елза, во претставата Елза  е претставена како добра личност исто како во цртаниот филм Фроузен, изјави Мартина Додевска, Елза

Детската претстава беше поддржана од осигурителна компанија .

-Винер лајф ја спонзорира детската претстава на Шеги и Шеки и на сите овие глумци овдека. Идејата се роди пред се затоа што има преголем број на деца и ние сакаме да го застапуваме токму тој дел осигурување посебно осигурување  детско штедно осигурување . Секогаш кога ќе се организира детска претстава ние ќе бидеме тука за децата, изјави Мартин Милошевски, Винер Лајф осигурување

Актерите во претставата се согласуваат со мислењето на кумановци дека  детските претстави треба да ги има во што поголем број  бидејќи децата заслужуваат да гледаат програма  што одговара на нивната возраст.

Коментари

коментар(и)