Голем е интересот од младите креативни кумановци за повикот објавен од министерството за култура за проекти за други корисници, информира директорот на НУЦК „ Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Досега пристигнале педесетина апликации од областа на ликовната, музичко-сценската дејност, театарски проекти. Целата постапка е онлајн, додава Тодоровски.
-Навистина има голем интерес од сите во Куманово кои се заинтересирани да аплицираат за тоа. Од нас им е потребна изјава како центар за култура бидејќи настанот ќе го реализираат кај нас. Ние излегуваме во пресрет на сите кои имаат пријава до нас и се надеваме дека идната 2022-та година ќе имаме навистина богата културна програма во Куманово. Тука ги повикуваме сите млади креативни луѓе кои сакаат да аплицираат со некој проект да дојдат се со цел заедно да ја направиме новата културна програма. Се аплицира на сајт во министерство за култура, целата постапка оди онлајн, така што сигурни сме дека ќе има многу апликации, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Повикот за проекти за други корисници кој се објавува секоја година, ќе трае до петти ноември годинава.