Градоначалникот Димитриевски ќе даде отчет за сработеното

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре ќе даде отчет за првите 100 дена од мандатот. Но, во пресрет на утрешната прес-конференција Телевизија Плус ги праша граѓаните во што би сакале да инвестира општината и кои за нив се приоритетните проблеми што градоначалникот во наредните четири години од својот мандат треба да ги реши. Според кумановци, подигање на хигиената во градот на повисоко ниво е приоритет.

Ова ќе биде прва од серијалот прес-конференции преку кои Димитриевски сака да ја запознае јавноста за она што го сработел со својата администрација, но и за проектите кои се планираат за во иднина.

Отчетот интегрално кумановци можат да го следат на телевизија „Плус“ со почеток во 12 часот и 45 минути.

 

Коментари

коментар(и)