Гром запали слама во Младо Нагоричане

Повеќе од 500 бали слама, сено и друга сточна храна изгореа вчера попладне во пожар предизвикан од удар на гром во кумановското село Младо Нагоричане. Ова се случило во семејниот двор на Драги Спасовски. Според него, среќа во несреќа е што во тој момент овците не биле во трлото бидејќи можел да остане и без нив.

-Одеднаш пламен, изгоре и слама и сено и се останато, 500 бали слама и шест приколки сено небалирано, тоа е се пепел, изјави Драги Спасовски, од селото Младо Нагоричане

Неговиот син Горан вели дека за неколку секунди изгорела  храната за добитокот што ја планирале  за зимскиот период.

-Околу 17 часот пукна нешто силно два пати, истрчавме брзо надвор, соседи дојдоа, пламен се гледаше, се се случи за помалку од 20 секунди се обидовмне да гаснеме, но не успеавме, само раката ја изгорев , изјави Горан Спасовски од село Младо Нагоричане.

Од  густиот час се задушил синот на Горан, кој помагал  во гасењето на пожарот. Тој синоќа е хоспитализаран во кумановската болница.

Спасовски се свесни дека не се единствените  што претрпеле  штета од вчерашното невреме, но сепак се надеваат дека општинската власт ќе им помогне.

 

Коментари

коментар(и)