Од група пензионери до Телевизија Плус пристигнаа неколку барања кои што самите ги изработиле, но истите, како што велат, се одбиени од Иницијативниот одбор.
Во информацијата се вели:
-Поради фактот дека досега во повеќе наврати бевме спречени на неформални собири да ви ги презентираме нотираните забелешки и барања на пензионерите од нашиот град, еве пристапуваме кон јавно објавување на конкретни барања и ве повикуваме да се произнесете дали истите ги подржувати или имате свои сугестии и дополнувања за да преминеме на нивно усвојување и предавање во писмена форма до актуелното раководство на ЗПК како што следи; Б А Р А Њ А Членството на ЗПК – Куманово, бара раководството на ЗПК – Куманово да свика Извршен одбор на кој активно ќе земат учество три члена делегирани од иницијаторите и да донесе одлука за разгледување и усвојување на барањата на пензионерите, членови на ЗПК – Куманово, како што следува;
- Донесување на Став или Одлука дали актуелното раководство ги подржува и се приклучува кон започнатите активности на голем број на членови на ЗПК кои се незадоволни од својата социјално-економска положба заради ниските пензии и заеднички и кординиран настап како единствени пред СЗПМ како и пред државните органи.
- Донесување Одлука од сретствата кои се на сметка на ЗПК да се издвојат и поделат линеарно како еднократна помош на пензионерите со ниски примања по растечки редослед од најниските до повисоките во износ од 1.000,оо ден. по член, на вкупно 5.000 пензионери и тоа најдоцна до 30 –ти Ноември, како локална помош, заради краткорочно и брзо помагање во правец на премостување на кризата до усвојување на барањата за покачување на пензиите и носење закон за минимална пензија од страна на надлежното министерство и Владата.
- Донесување Одлука да се отпочне со процедурата за промените во Статутот, со носење одлука и коптирање на членови од иницијаторите за промени на статутот во активно работење во ОДБОР ЗА СТАТУТ И ПРАВНИ РАБОТИ до завршување на процедурата за измена на Статут. На истата седницата на вонредно Собрание да се донесе одлука за измена на член 13 од Статутот на ЗПК во алинеа 5 која предлагаме да гласи; “ЧЛЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО ПО СТЕКНУВАЊЕ НА СТАТУС ПЕНЗИОНЕР, МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗБРАН ИЛИ ИМЕНУВАН НА ФУНКЦИИ ЧИЕ ОБАВУВАЊЕ ЌЕ БИДЕ ВОЛОНТЕРСКО, ОДНОСНО БЕЗ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ.” И истата да стапи на сила веднаш по донесувањето од страна на Собранието на ЗПК.
- Донесување на Одлука за РЕВИЗИЈА на работењето на ЗПК во последните пет години, вклучувајќи ја и тековната година со ревизија на законитоста во постапката при купување на просториите на ЗПК кои се на локација до стара Црква во Куманово, и за истата да се избере независна ревизорска куќа во чиј избор ќе бидат вклучени и претставници на иницијативата, односно три члена делегирани од иницијаторите. Сите овие Одлуки да одат на вонредно Собрание на ЗПК – Куманово, а целокупната активност да се спроведе со активно учество на трите члена делегирани од иницијaторите и во најкраток рок а најдоцна до 15.11.2023 год.(среда) за да се организира јавно читање на донесените одлуки на Собир во здружението на предложен датум. Очекуваме голема подршка и верификација на предложените барања.
Од група иницијатори на барања